Непечени колачи со путер од киритки
Состојки
- 300 гр мелени бисквити
- 300 гр шеќер во прав
- 300 гр путер од кииритки
- 200 гр маргарин или путер
- Глазура
- 200 гр чоколадо
- 100 гр путер од икиритки
- 100 гр маргарин или путер
Подготовка
Подготовка:
1. Најпрво измешајте ги сувите состојки.
2. Потоа додадете го маргаринот на собна температура и почнете да месите со рака. Откако ќе се спои, додадете го путерот од кикиритки и измесете се убаво.
3. Смесата истурете ја во плехче 20х30, обложено со пек хартија или целофан и убаво истапкајте ја да се набие и израмнете ја.
4. Стопете го чоколадото, па додајте го маргаринот и путерот од кикиритки. Мешајте на ниска температура додека се соединат состојките и потоа истурете ја глазурата врз претходната смеса во калапот. Оставете да се стегне на ладно, пред да ја исечите на посакуваните форми кои ви предлагам да бидат коцки.
* Забелешка - Кога сме кај предлозите, исто така ви предлагам да користите кранчи путер, иако не мора, а ако смесата во зависност од бисквитите бара, додадете уште по 20на грама маргарин и путер.