Испечати

Тарт - Новогодишна елка

Тарт - Новогодишна елка

Состојки

  • Тесто
  • 300г брашно
  • 80г мелени бадеми
  • 80г шеќер во прав
  • прстофат сол
  • 200г путер (исечен на коцки)
  • 1 јајце
  • 1-2 лажици млеко (по потреба)
  • Крем
  • 200г маскарпоне (собна температура)
  • 200мл слатка павлака
  • 80г шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила арома

Подготовка

Подготовка

1. Измешајте ги брашното, шеќерот во прав, солта и мелените бадеми во подлабок сад. Додајте го путерот и втривајте со прсти, додека да исчезнат сите поголеми парченца путер. Додајте го јајцето - малку разматено. Измешајте со рака, а по потреба додајте 1 -2 лажици млеко, за да се формира топка. Поделете го тестото на три дела и оставете ги завиткани во најлонска фолија во фрижидер најмалку половина час.
2. Извадете едно од тестата и расукајте го врз хартија за печење со малку брашно. Дебелината треба да биде околу половина сантиметар. Исечете форма на елка. Повторете ја постапката со останатите две теста. Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Оставете ги да се оладат.
3. За кремот, изматете го маскарпонето со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката павлака со ванилата, а потоа измешајте се заедно.
4. Поставете ја првата кора на чинија за сервирање. Со слаткарски шприц, прекријте ја целата површина со филот. Повторете ја постапката со останатите две кори. Оставете го тартот во фрижидер преку ноќ. Пред послужување декорирајте по желба. Лесен, декоративен и многу вкусен десерт. На здравје!

*за да бидат сите три дела во иста форма и големина, нацртав елка на лист хартија со моливче, а потоа го исеков со ножици. Истата форма ја користев за сите три дела.