Пилешки бомбици
Состојки
- 200 гр Стек (не саламурен)
- 50 гр Кашкавал (рендан)
- 3 Кисели краставички
- 2-3 г.л. Мајонез
- 1 г.л. Павлака
- 4 г.л. Ореви (Ситно сецкани)
- 1 м.л. Сенф
- по вкус сол, црн бибер, куркума
- За увалување на бомбиците - сусам, ореви, мешан сусам (црн+бел)
Подготовка
Идеални за мезе, превкусни, и одлични за збогатување на празничната трпеза. Овие пилешки бомбици настанаа сосема случајно и спонтано. Комбинацијата на намирниците е по мој вкус, па поради тоа доколку се решите да ги направите слободно може да експириментирате со додавање или одземање на состојки по ваш вкус.
Подготовка
1. Парчето стек го вариме, го цедиме и го сецкаме на помали парчиња, кои ги пропржуваме со додавање на сол, црн бибер и куркума (по вкус).
2. Во кујнскиот сечко го ставаме пропржениот стек, ренданиот кашкавал и киселите краставички (сецкани на помали парчиња). Го уклучуваме сецкото кратко, колку да се добие смеса идеална за обликување на бомбици.
3. Во добиената смеса ги додаваме, мајонезот, сенфот, павлаката, оревите, соединуваме и со малку намрсени раце формираме бомбици. Ги оставаме кратко во фрижидер, додека ги спремаме сусамот и оревите за увалување, кои ги пропржуваме посебно во сува тава.
4. Формираните бомбици ги увалуваме во сусамот, оревите и мешавината на бел и црн сусам.
5. Послужуваме веднаш или ги чуваме (во фрижидер) во пластична кутија со капак до послужувањето.
Забелешка - Количината на мајонез одредете ја сами, додајте ги прво павлаката и сенфот, а на крај мајонезот 1 по 1 лажица, и проценете кога е доволно за да се формираат бомбиците.
На здравје!