Испечати

Паеља (Paella)

Паеља (Paella)

Состојки

  • 1 голема главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 црвена пиперка (или зелена ако нема црвена)
  • 400-500 гр ситни исчистени школки
  • 120 мл доматно пире
  • 1 чаша (200мл) ориз
  • 600 мл вода
  • 1 коцк за супа
  • 1 лажица шафран (немелен)
  • 1 лажица солен сув зачин (вегета)
  • 1/2 лажиче пимент
  • 1 лажиче мешавина зачини (босилек, оригано, тимијан, мајоран)
  • 1/2 чаша бело вино
  • 100 гр грашок од конзерва
  • мала киска ситно сечкан магдонос

Подготовка

Популарната Паеља, која доаѓа од шпанската кујна, од таму каде ја запознав за прв пат, беше и е многу фалено јадење. Како во мојата фамилија се повеќето одлични скептици, така никој од нив, кои ми беа гости на посна вечера, немал вусено школка, вклучувајќи се и самата себе.
Школки купив пред подолго време, онака, од радозналост, без идеја како ќе ги спремам и кој ќе ги јади, па повиканите гости беа добра множина за прв тест. Секако, покрај другите посни јадења на трпезата на избор.
Успеав поголем дел да ги наведам да пробаат, едвај, со скепса. Потоа се бараше повеќе пати репете. Истото би го кажала и за себе, прекрасна! А школките, ма овие не се воопшто страшни за јадење, ако „локумчиња“ се испонашаа.
Бидејќи кај нас морски плодови нема свежи, значи најпрво кога ќе се решите да го спремате ова јадење треба да ги одмрзните.
Се спрема се на рингла во една тава. Всушност ако ги спремите состојките совреме, многу лесно и брзо.

Подготовка

1. На маслиново масло во тава за паеља, што кај мене таа беше избор на Делимано Грин планет округлата тава која одлично се вклопи како за сефте,се запржува кромидот исечкан на коцкички.

2. За брзо време се додава пиперката исто така исечкана на коцкички и лукот многу ситно сечкан или поминат на преса.

3. Се пржи само колку да омекни, па се додаваат школките во време колку да им подиспари водата што ќе ја пуштат (неколку минути), па на кратко пржење доматното пире, по него оризот, по кој се става коцката за супа и по неа водата. Се остава да вари на малку појака од средна температура, 10-15 минути, за кое време оризот ќе треба да е скоро варен. Пожелно е да не се меша, но како мене ми беше новитет јас проверував со лажицата почесто. Не е ништо страшно и ако сакате да мешате.

4. Потоа се додаваат грашакот, зачините и виното, кое пред да се впие, за многу кратко време и магдоносот.

5. Готовата паеља се служи топла, одозгора со парчиња лимон, односно сокот од лимонот е многу пожелен за попрскување пред дегустацијата. И сечкан магдонос.

Важно е оризот да има сочност, да не довозволите многу да испари течноста и да е сув. А кога сме кај него, заборавив ви кажам дека се користи некоја специјална сорта на ориз, која нашиот можи одлично да си ја заврши работата чинам.