Зачинета вишновка
Состојки
- 1 чаша вишни (чаша од 300 мл)
- 1 чаша шеќер
- 3-4 ѕвездест анис
- 2-3 цимет стапчиња
- 3 пакетчиња ванилин шеќер
- Ракија по потреба
Подготовка
Ароматичен, вкусен, празничен ликер.
Подготовка,
1.Во стаклено шише од 750 мл, ставете ги сите состојки наеднаш и дополнете го со ракија. Протресувајте го шишето одвреме-навреме, за побрзо да се стопи шеќерот. Чувајте го вака отприлика 1 месец.
2. На крајот исцедете го сокот, а јас и убаво ги истегав и вишните.
Уживајте во прекрасниот вкус, права магија е.
На здравје, среќни празници!