Посна торта со чоколада и мармалад
Состојки
- 310 гр шеќер
- 310 гр брашно
- 2 лажичиња сода бикербона
- 2 лажичиња цимет
- 2 лажици какао
- 260мл кисела вода
- 1 чаша од 200 мл мешан мармалад
- Додатни состојки
- 100 гр посна чоколада
- 8 лажици мармалад од јагода
Подготовка
Време на посни денови, на убави празници. Еве еден убав рецепт.
Подготовка:
1. Во сад ги помешуваме сите суви состојки. Убаво мешаме да се соединат.
2. Во друг сад ги мешаме мармаладот и киселата вода. Потоа ги помешуваме двете смеси.
3. Калапот во кој ќе печеме го обложуваме со хартија за печење. Истураме пола од смесата и ставаме да се пече.
4. Откако е печена, ја вадиме од рерна, па рендаме или на покрупни парченца ја кршиме чоколадата, па премачкуваме со мармаладот од јагоди. Потоа ја прелеваме и останатата смеса и ја распоредуваме рамномерно.
5. Печеме на тивко подолго време да се испече добро тортата. Штом се испече ја оставаме малку надвор од рерната, па ја вадиме од калапот. Се сече ладна.
На здравје со оваа убавина.