Испечати

Чоколаден колач со круши (без брашно)

Чоколаден колач со круши (без брашно)

Состојки

  • 100г путер
  • 100г темно чоколадо
  • 100г шеќер
  • 100г мелени бадеми
  • 3 јајца (одвоени жолчки и белки)
  • 4 мали крувчиња (или 2 поголемки)
  • 1-2 лажици мармалад од кајсии
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Чоколадото и путерот растопете ги заедно на пареа. Оставете да се оладат малку.
2. Жолчките ги матиме со шеќерот неколку минути. Белките ги матиме во цврст снег во посебен сад.
3. Стопеното чоколадо со путерот го додаваме кај жолчките и мешаме убаво. Ги додаваме и мелените бадеми. На крај го додаваме и снегот од белки. Мешаме со лажица, додека да добиеме изедначена смеса.
4. Ја истураме смесата во убаво намрсен калап за тарт (23цм). Крушките ги лупиме, ги чистиме и ги сечеме на половинки. Ги редиме врз тестото со исечената страна надолу. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 35-45 минути. Колачот треба да изгледа цврст во средината, или проверете со чепкалка.
5. Мармаладот од кајсии го загреваме и додека е топол колачот го премачкуваме одозгора. Пред послужување поросете со шеќер во прав. На здравје!