Едноставен лимон колач (со мармалад)
Состојки
- 4 Јајца
- 1 Ванила
- 250 гр Шеќер
- 1 шол (150мл) Јогурт
- пола Лимон (сокот)
- 1,5 шол (225 мл) Масло
- прстофат Сол
- 1 Пециво
- околу 400 гр Брашно
- 1 Лимон (кората)
- Плус - Мармалад (поцврст) по вкус
- За премачкување - малку мармалад и лимон шеќер
Подготовка
Сочен, превкусен колач, лесен и брз за правење, кој одлично оди со кафе или чај.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, ванилата и шеќерот. Миксираме до побелување. Ги додаваме јогуртот, сокот од лимон и маслото, миксираме. На крај ги додаваме солта, кората од лимонот, пецивото и брашното, соединуваме.
2. Дел од смесата ставаме во тавче број 26 (обложено со хартија за печење, а од страните премачкан со маргарин). Сега ставаме насекаде по малку од мармаладот. Пак ставаме од смесата за пандишпан - па пак мармалад, завршуваме со смеса за пандишпан (видете додатна слика).
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени. Штом колачот добие боја, намалуваме на 180 степени и допекуваме (проверуваме со чачкалица).
6. Врз колачот премачкуваме претходно загреан мармалад, па после посипуваме лимон шеќер.
7. Нека олади колачот, па сечеме парчиња.
Забелешка - Количината на брашно е наведена околу 400 гр, бидејќи зависи и од големината на јајцата и лимонот, и од густината на јогуртот. Смесата треба да биде малку погуста од смеса за класичен пандишпан.
На здравје!