Испечати

Божиќен венец - Павлова торта со крем и портокали во греено вино

Божиќен венец - Павлова торта со крем и портокали во греено вино

Состојки

  • Торта
  • 6 белки
  • 350г шеќер
  • 2 лажички густин
  • 1 лажичка оцет
  • Крем
  • 6 жолчки
  • 50г шеќер
  • 2 лажици густин
  • 250мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 200мл слатка павлака
  • Декорација
  • 200мл греено вино
  • 1 кесичка желатин
  • 1 лажица шеќер
  • 5 мали портокали, излупени и исечени на кругови
  • зрна од калинка
  • сецкани фстаци

Подготовка

Подготовка

1. Белките ги матиме, постепено додавајќи го шеќерот. Кога шеќерот е растопен, го додаваме густинот и оцетот. Со помош на лажица или слаткарски шприц, формираме венец врз плех, обложен со хартија за печење. Доколку ви е полесно може да си нацртате форми со моливче и да ги следите линиите. Формираме топки наредени во круг, а потоа додаваме од белките, ги зголемуваме, додека да ги потрошиме. Рерната ја оставаме да се загрее на 160 степени, ја ставаме тортата и веднаш намалуваме на 110 степени. Печеме околу 2 ипол часа. По печењето ја оставаме тортата да се олади во рерна.
2. За кремот, жолчките ги матиме со шеќерот со помош на жица. Го додаваме густинот. Млекото го загреваме со ванилата на оган до пред зовривање. Потоа ги додаваме жолчките во млекото и готвиме со мешање уште минутка. Ја префрламе смесата во сад, покриваме убаво со најлонска фолија и оставаме да се олади. Слатката павлака ја матиме и ја мешаме со смесата од жолчки. Матиме со миксер кратко, додека да добиеме кремаста структура.
3. Виното го додаваме во тенџере заедно со желатинот. Оставаме 5 минути, а потоа го додаваме шеќерот и загреваме додека благо да зоврие. Не го оставаме да врие, тргаме од оган, ги додаваме портокалите и оставаме да стојат во виното половина час. Потоа ги процедуваме и ги ставаме во фрижидер.
4. Оладената торта ја одлепуваме од хартијата за печење и ја ставаме на чинија за сервирање. Со лажица го додаваме кремот, а потота ги редиме портокалите. Декорираме со зрна калинка и фстаци или по желба. На здравје!