Испечати

Пралини со полнеж од сува кајсија (два вида)

Пралини со полнеж од сува кајсија (два вида)

Состојки

  • 200 гр темна чоколада за фигурите
  • 2 суви кајсии (брусница )
  • 50 гр марципан
  • 2 лажици ликер од портокал (ликер одјајце )

Подготовка

Пралините се веќе секојдневни колачи, но кога станува збор за празниците, тогаш користам новогодишни калапи. Направив два вида полнеж со 400 гр чоколада. Во едниот ги ставив сите состојки што се наведени подолу, а во другиот полнеж, состојките кои се во замена, т.е ликерот го променив и сувото овошје.

Подготовка:

1. Најпрво ги прелеав со чоколада калапите и оставив да се стврднат. Потоа ги наполнив со филот.
2. Кајсиите ситно ги исецкав и со вилушка ги истискав со марципанот и ликерот.. Ги наполнив и затворив со растопена чоколада.
3. Оставив да се стврднат убаво, па служев помешани со остатокот на колачи.
Постапката е иста и за другите, само наместо кајсиите ја ставив брусницата и го сменив ликерот.
Среќни празници, на здравје.