Испечати

Десерт со овошје во чаша

Десерт со овошје во чаша

Состојки

  • 120г мелени бисквити
  • 200г крем сирење (собна температура)
  • 60г шеќер
  • 300мл слатка павлака
  • 3 киви
  • 200г јагоди

Подготовка

Подготовка

1. Мелените бисквити поделете ги во чаши. Јас користев 4 чаши од 200 мл, доколку користите помали, поделете во 6 чаши.
2. Крем сирењето изматете го со шеќерот. Слатката павлака изматете ја посебно, па измешајте ја со крем сирењето.
3. Кивите излупете ги, јагодите исчистете ги и исецкајте се на коцки.
4. Со помош на слаткарски шприц поделете го филот од крем сирење во секоја чаша. Оставете 3-4 лажици фил за декорација.
5. Врз тоа додајте го и сецканото овошје. Декорирајте со остатокот од филот со крем сирење, посипете со мелени бисквити и свежо овошје по желба.
Може да се послужи веднаш, но мене највкусен ми е откако ќе отстои неколку часа во фрижидер. На здравје!