Испечати

Пченкарна проја (безглутенска)

Пченкарна проја (безглутенска)

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 400 мл. јогурт
  • 15 лажици масло
  • 12 лажици пченкарно (царевно) брашно
  • 1 пециво
  • 150-200 гр. бело сирење (издробено)
  • по потреба сусам
  • 1 китка свеж магдонос

Подготовка

Безглутенска проја, предлог за сите кои ја сакаат пројата, а посебно за консументите на безглутенска храна. Едноставна за подготовка, вкусна, па ровка дури и наредниот ден.

Подготовка

1. Рерната ја пуштаме да се загрее на 200 степени целзиусови.
2. Во сад ги кршиме јајцата, ја ставаме солта, матиме со жица, а потоа ги ставаме маслото и јогуртот, мешаме.
3. Со цедалка, директно во садот, го просејуваме пченкарното брашно, заедно со пецивото. Убаво ја мешаме и изедначуваме смесата. Ќе изгледа како да е течна, но така треба да биде.
4. На крај го ставаме сирењето и магдоносот. Изедначуваме и смесата ја истураме во намрсено и со пченкарно брашно, побрашнето тавче бр.26.
5. Одозгора наросуваме со сусам, печеме 30 - 35 минути.

Наместо магдонос понекогаш ставам (го кршам) свеж замрзнат спанаќ.

(535)