Пита со тиквици и фета сирење
Состојки
- 500г готови кори
- 2-3 тиквици
- 150г грчки јогурт (или павлака)
- 200г фета сирење (издробено или сецкано)
- 2 јајца
- 100мл маслиново масло
- 2-3 лажици лебни трошки
- неколки ливчиња свежо нане (сецкано)
- сол, бибер и други зачини по вкус
- сусам црно, семе
Подготовка
Подготовка
1. Тиквиците изрендајте ги и посолете ги. Оставете ги половина час да пуштат вода, а потоа исцедете ги убаво. Кај тиквиците додајте ги јајцата, фета сирењето, јогуртот, една лажица лебни трошки и две лажици маслиново масло. Додајте свежо нане, сол и бибер по вкус.
2. Намрсете округол сад за печење (28-30цм). Обложете со 1-2 лажици лебни трошки. Ставете една кора и по целата површина напрскајте ја со масло. Повторете го тоа со 5-6 кори. Јас користев кори од хељда кои се малку подебели. Доколку користите потенки кори, ставете половина од корите во пакувањето. Ставете го филот врз последната кора и израмнете. Делот од корите што излегува од садот свиткајте го навнатре, врз филот. Потоа врз тоа наредете ги преостантите кори со тоа што секоја кора ќе ја испрскате со масло. Згужвајте ги краевите од корите навнатре, да влезат во садот за печење. Премачкајте ја последната кора со масло и по желба може да додадете сусам, сончоглед, црно семе. Засечете го горниот дел (до филот) на парчиња пред печењето.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени, 60-70 минути. Доколку брзо потемнува горниот дел, покријте ја со алуминимумска фолија. Оставете ја питата да отстои најмалку еден час по печењето. Додека е топла може да биде малку водеста. На здравје!