Испечати

Ролат со мандарини

Ролат со мандарини

Состојки

  • 250г мелени колачиња/биксвити по избор
  • 2 помали банани
  • 200г крем сирење (собна температура)
  • 1 лажица мед
  • 5-6 мандарини

Подготовка

Подготовка

1. Бананите ги обработуваме убаво во блендер, додека да станат густа течност. Мелените колачиња (јас користев орео) ги мешаме со бананите. Мешаме додека да добиеме тесто.
2. Крем сирењето го мешаме убаво со медот. Мандарините ги лупиме.
3. Тестото го расукуваме во правоаголна кора врз хартија за печење или најлонска фолија. Го премачкуваме со крем сирењето, а потоа ги редиме мандарините на едниот крај (како на сликата). Со помош на хартијата за печење/фолијата виткаме ролат. Оставаме во фрижидер неколку часа или најдобро преку ноќ.
Едноставен за подготовка, вкусен десерт. На здравје!