Солена торта
Состојки
- Основа
- 1 пиперка
- 1 мала главица кромид
- 200 гр овесно брашно
- 150 мл вода
- 3 лажици мелено ленено семе+ 6 лажици вода
- ½ лажиче лук во прав
- 1 лажиче буковец
- ½ лажиче сол
- ¼ лажиче црн бибер
- Фил
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 тиквица
- 300 гр шампињони
- 250 гр обарен карфиол
- ½ лажиче сол
- ½ лажиче мешан сув зачин
- ¼ лажиче црн бибер
- 150 гр рендан кашкавал
Подготовка
Подготовка:
1. Фил- Кромидот и лукот ситно ги сецкаме. Тиквицата ја лупиме и сечкаме на коцки. Шампињоните ги сечкаме тенко. Во загреана вок тава го ставаме маслиновото масло. Ги доадавме кромидот и лукот . Кратко пржиме и ги додаваме шампињоните. Пржиме на средна температура со повремено мешање. Ги додаваме коцките тиквица и оставаме да се пржат, повремено мешајќи. Ги додаваме солта, мешаниот сув зачин и црниот бибер. Промешуваме. Откако ќе испари водата, која ја пуштила тиквицата, го додаваме карфиолот исечен на паренца. Промешуваме и пропржуваме упте 10 минути.
2. Основа- Во мал длабок сад ги ставаме меленото ленено семе и водата. Промешуваме и оставаме да стои 10 минути. Во блендер ги ставаме пиперката и кромидот, блендираме. Ги додаваме овесното брашно, водата, зачините и меленото ленено семе. Блендираме. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар од 20 цм, на чие дно имаме ставено хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 10 минути. Вадиме од рерна и го додаваме подготвениот фил. Печеме на 180 степени. 25-30 минути. Врз солената торта ставаме рендан кашкавал. Печиме уште неколку минути да се стопи кашкавалот. Оставаме малку да се излади и послужуваме.