Новогодишни бомбици со различни вкусови
Состојки
- Состојки за основната смеса
- 1000 грама мелени бисквити
- 350 грама шеќер во прав
- 400 мл. млеко
- 450 грама растопен маргарин или путер
- 2 кесички ванилин шеќер
- Бомбица со крем банани
- 300 грама основна смеса
- 8 крем банани
- 1 лажица виски или коњак
- Бомбица со смоква
- 300 грама основна смеса
- 100 грама смокви
- 50 грама рендано чоколадо
- 1 лажица виски или коњак
- Бомбица со ресана
- 300 грама основна смеса
- 10 ресани
- 50 грама мелени лешници
- Бомбица со кокос
- 300 грама основна смеса
- 150 грама шеќер во прав
- 150 грама кокос
- 1 лажица сок од портокал
- 1 лажица виски или коњак
- За чокалдирање
- 10 табли бела или црна чоколада
- 4 лажица масло
Подготовка
Подготовка:
1. Започнуваме со подготовка на основната смеса, која подоцна ќе ја поделиме и во неа ќе додаваме други состојки со кои ќе ги подготвиме бомбиците. Ги мелеме бисквитите. Маргаринот го топиме на тивок оган, без да зоврие. Во сувата смеса од бисквити ги додаваме шеќерот во прав, ванилиниот шеќер, растопениот маргарин и млекото. Мешаме најпрво со лажица, а потоа тестото го месиме со рака.
2. Оваа смеса ја делиме на четири делови во кои ќе додадеме различни состојки, за да формираме различни бомбици со различни вкусови. Кога смесата ќе биде измешана со одредените состојки, тестата оставете ги да отстојат барем половина час, на собна температура, за да ги примат вкусовите од состојките внатре кои ги додадовме.
3. Бомбица со крем банани - Во основната смеса додаваме 8 крем-банани и една лажица виски. Смесата ја месиме со рака и ја покриваме со фолија. Од смесата формираме мали бомбици кои потоа ги чоколадираме
4. Бомбица со ресана - Во основната смеса додаваме 10 ресани, рендана кора од портокал и мелените лешници. Смесата ја месиме со рака и ја покриваме со фолија. Од смесата со формираме елки кои ги попрскуваме со чоколадо и шеќер во прав и декорираме по желба.
5. Бомбица со смокви - Во основната смеса ги додаваме мелените смокви, рендано чоколадо и една лажица виски. Смесата ја месиме со рака и ја покриваме со фолија. Силиконските калапи за слатки ги премачкуваме со растопено чоколадо и во нив ја додаваме смесата од смокви. Врз смесата додаваме растопено чоколадо и на тој начин ги затвораме калапите. Премачкувањето на калапите или самото глазирање може да се направи на повеќе начини. Или со премачкување на секоја форма повеќе пати, или со полнење чоколада и во неа додаваме топче смеса и врз смесата растопена чоколада. Јас го користев првиот метод и морам да признам дека не е едноставен и бара повеќе време.
6. Бомбица со кокос - Во овој дел го искористив преостанатото основно тесто и во него додадов уште 150 грама шеќер во прав, кокос, ренданата кора и сок од портокал. Од смесата формираме бомбиците и ги валкаме со кокос.