Кафе смути со банана
Состојки
- 1 банана
- 50мл еспресо изладено
- 200мл млеко
- 1/3лажиче цимет
- 2-3 коцки мраз
Подготовка
Едно малку поинакво смути. Јас користев еспресо кафе, а ако немате, тогаш користете обично изладено кафе. Нека денот почне поинаку, посебно.
Подготовка:
1. За почеток сварете кафе и оставете да излади.
2. Во чашката од нуртрибулетот ставете го млекото, мразот, циметот и бананата, а потоа додадете го и еспресото. Изблендирајте добро. Смесата посипете ја во чаша за кафе, во која има коцка мраз.
На здравје со кафе смутито.