Испечати

Филован свински ролат

Филован свински ролат

Состојки

  • околу 2 кг. свинска удина
  • 1 лажица сенф
  • по вкус сол, мелен црн пипер, малку оригано
  • За фил
  • 300 гр. кравска изварка
  • 100 гр. сецкани сушени домати
  • 50 гр. сецкани црни маслинки
  • по вкус сол, пипер буковска, малку масло
  • 150 гр. ленти кашкавал и уште 100 тина гр. за одозгора
  • 100 гр. ленти чадено полешко филе

Подготовка

Празници се ближат. Сакаме нешто поинакво на нашите празнични трпези. Токму овој ролат од месо е полн погок. 

Подготовка:

1.На свинската удина и ја упиваме влажноста со кујнска хартија. Ја расекуваме со остар нож, додека добиеме тенок лист. Преку најлонска фолија ја чукаме со кујнско чеканче. Ја премачкуваме со по малку сенф од двете страни, посолуваме, побиберуваме. Ја виткаме во алу фолија и ја оставаме во фрижидер да отстои најмалку 2 часа.
2.Го подготвуваме филот. Сушените домати ги полеваме со жешка вода и оставаме да омекнат. Потоа ги цедиме од водата, ги сецкаме и малку попрскуваме со масло. Исто и маслинките ги сецкаме. Изварката ја посолуваме и ги додаваме другите состојки.
3. Месото го отвораме, сега под него ставаме хартија за печење. Наросуваме со оригано од внатрешната страна. Ги редиме лентите кашкавал, врз нив филето, па изварката. Појасно е на дополнителните фотографии. Виткаме убаво стегнат ролат. Попрскуваме со масло. Го затвораме со хартија за печење.
4. Го ставаме во тава за печење, ставаме уште еден лист истуткана и навлажнета со вода хартија за печење. Налеваме околу пола до една чаша вода во тавата и се става на печење во рерна, околу 2 часа на 200 или према вашата рерна. После 1 час додаваме компири, попрскуваме со масло, зачинуваме со сол, зачини по желба и рузмарин.
5.При сам крај ја тргаме, расекуваме хартијата и ставаме одозгора ленти кашкавал. Допекуваме додека се растопи и порумени истиот.
На здравје! Се надевам ќе ви се допадне!