Испечати

Посни, бадникови сармички со кисела зелка

Посни, бадникови сармички со кисела зелка

Состојки

  • Листови кисела зелка, искроени на 4 парчиња, до колку листовите се многу големи, или на половина ако се мали.
  • Расолница
  • Полнење
  • 1 филџан ориз
  • 1 страк праз
  • 1 многу мало морковче
  • 200гр маринирани шампињони
  • Масло
  • Сол, бибер и зачин.
  • Малку црвен пипер

Подготовка

Подготовка:

1. На загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз. Го додаваме ситно сецканото морковче, па измиениот ориз. Пржиме на тивок оган 4,5 минути. Додаваме зачини и сецкани, маринирани шампињони. Соединуваме. Тргаме од оган.
2. Земаме едно ливче од искроената кисела зелка, ставаме лажиче фил. Завиткуваме сармички.
Ги редиме во сад, тенџере, во кое на дното има ситно сецкана зелка. Попрскуваме со масло, покриваме со листови зелка. Расолницата ја загреваме и ја додаваме во тенџерето.
3. Ставаме во рерна на тивко да си крчка 2 часа. Сервираме во тањир, и одозгора прелеваме со црвено масло. Баба ми така го викаше, односно загреваме масло на умерен оган, околу 100 до 150 мл.
Тргаме на страна.
4. Сега додаваме, само на врвот на ножот, црвен пипер, односно тестираме. Не смее да чврчори. Значи многу е жешко. Малку нека подизлади, па додаваме 1-2 лажици црвен пипер. Промешуваме и оставаме 20 минути да се сталожи пиперот. Внимателно обоеното и ароматизирано масло го прелеваме врз сармичките, значи без талогот.
Послужуваме.