Испечати

Паеља со школки

Паеља со школки

Состојки

  • 300 гр ориз
  • 300 гр школки
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • 1 поголем кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 3-4 лажици исечкан магдонос
  • 1 чаша густ сос од домати

Подготовка

Подготовка:
1. Прво ставете ги школките во литар и пол вода, малку сол и бибер и нека варат две-три минути.
2. Во некоја поголем тава, на масло, испржете го исечканиот кромид. Кога ќе се застакли, додајте ги лукчето, исечканиот магдонос и црвената пипер.
3. Потоа додајте го оризот, пропржете го малку, па додајте ги доматите.
4. Зачинете со сол и бибер и почнете да додавате од водата во која се вареа школките. Прво половината, нека повари малку, па додајте ја и останатата. Внимавајте, не е ист секој ориз, на крајот јадењето не треба да е течно.
5. Пред крајот додајте ги школките, кратко промешајте, намалете ја температурата, покријте ја тавата и нека повари уште 5-6 минути.
6. Не мешајте многу додека ја готвите паељата. Оризот на крајот не треба да е преварен, пожелно е да е „ал денте“.
7. Уживајте со чаша добро вино. На здравје!