Полнето мисиркино месо
Состојки
- 800 гр мисиркино филе
- 150гр крем сирење
- 2-3лажици сенф
- 5-6лажици барбикју сос
- 2 главици кромид
- 500 гр свежи печурки
- 1 готварски конец
- 2 моркови
Подготовка
Ајде и малку месо во декемврискиве рецепти. И оваа чинија печеници, нека ја краси оваа страна..
Подготовка:
1. Растегнето го мисиркиното филе на најлонска фолија. Јас веднаш го зачинувам така да отстои.
2. Во тава на оган, на малку масло, запржете ги печурките со кромидот кој го исековме на кругови. Додајте ги и морковите. Ставете 50 мл бело вино,оставете да покрчка. Откако ќе испари водата од печурките, кои ќе ја пуштат, и виното, посолете и наросете црн бибер.
3. Филето наросете го сол и црн бибер, па премачкајте го со крем сирењето кое го помешавте со сенфот. Врз него ставете ја смесата која ја запрживме. Виткајте во вид на ролат, стегајќи со фолијата убаво да се стегне. Кога е готово завиткано, подврзете убаво со готварски конец.
4. Затворете го месото во фолија за печење и оставете да се пече на 180степени. После 1 час,отворете ја фолијата и оставете да се порумени убаво од горе. Кај мене малку повеќе поцрвене, затоа што го премачкав со барбикју сос. Тоа беше желба на децата.
5. Готовиот ролат сечете го на дебели парчиња. Ако ви стои уште не печен во средината, можете да го потпечете и така отворен, расечен. Сервирав со разни видови на месо и печуки.
Ете ви убав предлог за празничните трпези.
На здравје.