Испечати

Габон торта

Габон торта

Состојки

  • Фил
  • 250 гр путер
  • 125 гр маргарин
  • 16 жолчки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр темно чоколадо
  • За корите х4
  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 2,5 лажици од филот
  • 70 гр потпечени лешници
  • Надворешен крем
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 гр темно чоколадо

Подготовка

Еден од омилените периоди во годината ми е месецот декември. Подготовки за Нова година, Божик, но и за двата родендени кои ги имаме во овој месец. Торти обично ретко правам, но ниеден роденден или празник не го бива без кралицата Торта. Овојпат се одлучив за оваа торта и не погрешив. Раскошен вкус на лешник, путер и чоколадо, без ниту еден грам брашно.

Најпрво се подготвува филот.
1. Жолчките, заедно со шеќерот, ставете ги да се варат на пареа. Постојано мешајте, отприлика, петнаесет минути и потоа додајте го чоколадото и тргнете ги од огнот.
2. Убаво измешајте и кога чоколадото целосно ќе се стопи, додајте го путерот и маргаринот. Измешајте убаво и оставете го да се олади. Од ладниот фил ќе треба да додавате во корите.
За корите:
Се печат 4 кори.
1. За секоја кора изматете по 4 белки, со 4 лажици шеќер.
2. Додајте 2,5 лажици од филот и ситно мелените лешници (мене не ми беа убаво сомлени, па тоа делуваше на естетскиот изглед на кората).
3. Промешајте се рачно, ставете ја смесата во калап од 22 цм прекриен со хартија и печете на 180 степени петнаесетина минути.
Надворешен крем
1. Во топлата слатка павлака, ставете го чоколадото, промешајте убаво да се истопи.
2. Кога ќе се олади измиксајте го и премачкајте ја тортата.
Редење на тортата:
Филот поделете го на три дела, премачкајте ги корите, а со другиот крем премачкајте ја однадвор. Украсете ја по желба.