Испечати

Божиќен венец од колачиња

Божиќен венец од колачиња

Состојки

  • За колачиња
  • 380г брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 2 лажички цимет
  • 1 лажичка мелено каранфилче
  • 110г путер (собна температура)
  • 100г кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 150мл меласа
  • 1 лажичка ванила
  • за лепење и декорација
  • 1 белка
  • 100г шеќер во прав (просеан)
  • 1 лажичка сок од лимон
  • бел фондан (по потреба)
  • декоративна лента/врвка

Подготовка

Подготовка

1. Во длабок сад го мешаме брашното со пецивото, содата, солта и зачините.
2. Во друг сад го матиме омекнатиот путер со шеќерот. Потоа го додаваме јајцето, ванилата и меласата.
3. Ги додаваме сувите состојки (просеани) кај путерот. Мешаме додека да добиеме тесто. Го оставаме тестото во фрижидер половина час.
4. Го расукуваме тестото во кора (5мм) и со калапчиња вадиме форми по желба. За основата на венецот сечеме кружна форма со калап/сад 20цм, а во средината го засекуваме со калап 10-12цм. Печеме во загреана рерна на 180 степени 8 минути. Оставме колачињата целосно да се оладат, а потоа ги декорираме по желба. Јас декорирав дел од колачињата со готов бел фондан, а дел ги оставив како што се.
5. За смесата за лепење - Белката ја мешаме со сокот од лимон и шеќерот во прав и матиме со миксер 2-3 минути. Смесата може да ја искористите и за декорација на колачињата наместо фондан или може да ја зачувате во покриен сад во фрижидер за други колачиња. Пред употреба изматете кратко со миксер, а по потреба додајте и мала количина на вода.
6. Основата за венецот ја оставаме на рамна површина и редиме колачиња по желба. Кога ќе го добиеме посакуваниот изглед, ги лепиме колачињата. На секое колаче од задната страна му ставаме 2-3 капки од смесата за лепење, а потоа нежно го притискаме на основата. Кога сите колачиња се залепени, оставете го венецот да се стегне убаво неколку часа, а најдобро преку ноќ.

Рецептот за колачињата веќе го имам објавено овде под наслов - Колачиња со ѓумбир, а венецот го ставив во категоријата Декорации и идеи со храна.