Испечати

Кокос коцки

Кокос коцки

Состојки

  • Тесто
  • 4 јајца
  • 10 лажици шеќер (220гр)
  • 13 лажици масло (180мл)
  • 16 лажици брашно (300гр)
  • 100 мл млеко
  • 1 пециво
  • Пунч крем
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица рум
  • 250 мл млеко
  • 1 чаша (200мл) шеќер
  • 100 гр кокос
  • 100 гр мелени ореви

Подготовка

Подготовка:

Од наведените состојки припремите го тестото.
1. Во длабок сад се стават белките, кои се миксираат заедно со шеќерот, во цврст снег, па се додава по ред маслото, брашното, пецивото и една по една жолчка и на крајот млекото.
2. Се става тестото во плех (25х35см) и се печe на 180С-25мин.
3. Се сечe тестото на коцки и се макнуваат во кремот. Потоа се валкаат во кокос и во ореви.
4. Пунч крем- Се става на рингла, во сад, да се топи маргаринот, млекото и шеќерот. Кога ќе се растопат состојките се додава чоколадото и румот и штом ќе зоврие веднаш се трга настрана и се макнуваат колачите.

На здравје.