Смути од малини со ликер
Состојки
- 150мл млеко
- 50 мл ликер од јајце
- 1 банана или 1 топка сладолед
- 3 лажици овесни снегулки
- 3-4лажици малини замрзнати
Подготовка
Одлично убаво напиточe. Мешан спој на состојки, кои се совпаѓаат. Секое утро конзумирам мешавини од смутиња, па решив малку да експериментирам и навистина е убаво. Ликерот од јајце можете да го спремите и сами, но и да го купите. Го има и во мали и во големи шишенца. Во наредна прилика ќе ви го споделам и рецептот за ликерот.
Подготовка;
1. За почеток го помешувам ликерот и сладоледот заедно. Ако не користите сладолед, тогаш банана.
2. Ги додаваме млекото, малините и овесот, па уклучуваме нутрибулет.
3. Спојуваме се. Ако е многу густо додајте млеко. Густината зависи од големината на малините.
Јас декорирав со малини.
Нека ви е на здравје.