Испечати

Потаж од црвена леќа

Потаж од црвена леќа

Состојки

  • 250 гр црвена леќа
  • 1 страк целер
  • 1 кромид
  • 2 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1литар бујон од зеленчук
  • 3-4лажици зејтин
  • 1 ловор лист
  • 1 лимон ( по желба )

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад на оган го ставаме маслото, а потоа зеленчукот сецкан на поситно. Запржуваме, а потоа додаваме леќа и бујон од зеленчук. Додаваме ловор лист. Поклопуваме со капак и на тивко оставаме да се свари зеленчукот и леќата.
2. Кога е варено, со блендер ја блендираме цела смеса. Зачинуваме со сол и бибер. Готовата вкусна чорба ја сервираме, па по вкус можеме да додадеме и лимон.
На здравје.