Испечати

Смути со мушмули и портокал

Смути со мушмули и портокал

Состојки

  • 1 (80 мл) Портокал (сокот)
  • 170 мл Вода
  • 15-на Мушмули (пирето)
  • неколку Урми

Подготовка

Мушмулите се хранливо и ароматично овошје, со слатко кисел вкус и кремаста структура, меѓутоа многу ретко се конзумираат. Мушмулата е вистински лековит подарок од природата. Делува противвоспалително на целиот организам, а особено е корисна во системот за варење. Тој е природен лаксатив, полн е со пектин, кој помага во намалување на холестеролот, ја подобрува функцијата на цревата, спречува запек и помага при лекување на различни воспалителни процеси во организмот. Богат е со Ц и Б витамини. Извор е на калиум, калциум, железо и магнезиум. Консумацијата на ова овошје влијае и на крвната слика, ги чисти црниот дроб и бубрезите. Големите количини на антиоксиданси го зајакнуваат имунитетот и го забавуваат стареењето. За оние кои не сакаат да го конзумираат самостојно, еве еден предлог од мене за едно превкусно смути.

Подготовка

1. Портокалот го цедиме. Добиениот сок го ставаме во чашката од блендерот.
2. Од мушмулите го истиснуваме пирето, го додаваме и него.
3. Додаваме вода и урми за блажина (или како замена може и мед). Блендираме до хомогенизирање и послужуваме веднаш.

На здравје!