Испечати

Банана леб

Банана леб

Состојки

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 1 лажиче цимет
  • 80 мл маџун
  • 150 гр овесно брашно
  • 60 гр интегрално брашно
  • ½ пециво
  • 50 гр брусница
  • 50 гр сецкани урми

Подготовка

Уште еден мој рецепт за банана леб.

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме бананите. Ги пасираме со виљушка. Ги додаваме јајцата, мешаме со жица за матење. Го додаваме циметот и маџунот. Промешуваме.

2. Во течната смеса ги додаваме интегралното и овесното брашно. Мешаме со жица. Ги додаваме пецивото, брусницата и сецканите урми. Промешуваме.

3. Смесата ја ставаме во правоаголен калап со димензии 20х10. Печиме во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Потоа ставаме алуминиумска фолија врз лебот и печиме уште 45 минути на 160 степени.