Испечати

Тарт со крем сирење, домати и маслинки

Тарт со крем сирење, домати и маслинки

Состојки

  • Основа
  • 130г брашно
  • 60г рендан пармезан
  • 1/2 лажичка сол
  • 100г путер (студен, исецкан на коцки)
  • 4-5 лажици вода
  • Фил
  • 200г крем сирење
  • неколку сецкани ливчиња свеж босилек
  • сол по вкус
  • неколку шери доматчиња (или обични домати)
  • неколку маслинки

Подготовка

Подготовка

1. Брашното, солта и пармезанот измешајте ги во процесор за храна. Додајте го путерот и обработете додека сите коцки путер не се раскршат. Додајте 2-3 лажици вода и повторно вклучете го процесорот. Додавајте вода лажица по лажица, додека не добиете смеса од која може да се формира топка со притискање со раце. Внимавајте да не ставите премногу вода, тестото не треба да биде лепливо или да се формира топка во процесорот.
2. Додајте го грутчестото тесто во калап за тарт (23цм). Со прсти натапкајте го на дното и од страните на калапот. Ставете го калапот во фрижидер 15 минути.
3. Ставете парче хартија за печење врз тестото и додајте околу 300-400 грама ориз, грав или шеќер за тежина додека се пече. Јас користев ориз (истиот ориз си го чувам за оваа намена). Може да печете и без тежина, но внимавајте да не се крене тестото при печењето. Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути. Остранете ја хартијата со тежина и печете уште 15 минути. Оставете ја испечената основа целосно да се излади во калапот.
4. Крем сирењето измешајте го со лажица со свежите ливчиња босилек. По желба може да додадете сол и други зачини.
5. Премачкајте ја изладената основа со крем сирењето. Пред послужување исецкајте ги доматите и маслинките и наредете ги врз крем сирењето.

На здравје!