Божиќни, отмени бомбони
Состојки
- 3,4 готови кори
- 30гр растопен путер
- 50гр сува брусница
- Горгонзола или бри сирење
- Сецкани бадеми
- Ливчиња рузмарин или власец
- чурек
- Говедски пршут
Подготовка
Подготовка
1. Листовите кори ги делиме на 4 дела. Може да се пресечат и на 6 исти дела, во зависност колку сакаме да ни се големи бомбоните.
2. Го земаме првиот лист коричка, со четка го премачкуваме со растопен путер. На почетокот ставаме сува пршута, говедска, сува брусница, може да се користи и мармалад од брусница, па парченце горгонзола, па малку крупно сецкани бадеми, за крцкава структура. Завиткуваме како ролат. Краевите ги завиткуваме како бомбонче.
И одозгора ги премачкуваме со растопен путер и наросуваме чурек.
3. Ги печеме околу 15 минути на 180 с. Штом се испечат, ги декорираме со ливченца рузмарин или ги завиткуваме со гранченца власец. Ги сервираме и дегустираме.
Одлично, вкусно, празнично предјадење.