Испечати

Курељача (Јубилеен 1200ти рецепт)

Курељача (Јубилеен 1200ти рецепт)

Состојки

  • За тесто
  • 3 средни компири
  • 8 млади кромитчиња (со се бледозелениот дел) или 1 не многу голема главица кромид
  • 200 гр изврка
  • 2 лажици кајмак
  • 2 лажици кисела павлака или цврст јогурт
  • 1 рмно лажиче сол, или по потреба
  • 250 гр брашно
  • За преливање пред печење
  • 70 гр путер или маслац
  • 30 мл масло
  • Заливка
  • 1 чаша топла вода
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

Курељача е старо херцеговинско јадење, кое јас за прв пат го видов од една моја пријателка Босанка. Ако го гуглате низ нетот ќе ја најдите само лесната негова верзија, заради која и уште го нарекуваат „лења пита“ која е со пире од варен компир. Оваа верзија е веројатно онаа старата, оригиналната (иако не би се дрзнала тоа да тврдам) и секако дека е многу потешка за спремање, што во никој случај, оној кој ја направил, не би ја врстел во „лења“. Сепак, тој збор доаѓа дека ја сметаат за пита која е без кори.

Години и го чекав моментот. Сакав да ја спремам уште за минатиот јубилеј. Не се згоди. Тогаш, со уредништвото направивме договор дека следниот јубилеј (овој) ќе е нешто солено, да не е само торти и благи, иако ако видите сепак мојот прв јубилеен е баш солено. 

И еве, го дочекав и овој јубилеј на овој прекрасен сајт кој веќе 11та година е мојата пасија, задоволство и големо дружење пред се со сите вас овде активни, а и оние кои го посетуваат, знаат за нашите споделени рецепти и ги пробуваат. Мои Рецепти вие сте бренд повеќе од една деценија на виртуелното кулинарство, број еден во нашата земја и чест и задоволство ми е што сум дел од вас. Нека трае!

Подготовка
1. Исчистете го кромидот, излупете ги компирите, измијте ги и исушете ги убаво. Исечкајте ги на многу ситни коцки, 2 – 3 мм, најситно што можите. Во никој случај не помислувајте да рендате.

2. Ставете ги во подлабока вангла и измешајте ги со останатите состојки за тесто. Најдобро е при додавање на секоја состојка да мешате, а со павлаката на крај да изрегулирате кога ќе се засити тестото да е компактно, кое секако ќе е лепливо.

3. Се зема дел од тестото и на многу брашно се сучи во ваљак. Доколку одите спрема упатството ќе успеете како мене ваљаците да ги правите подолги, иако изворниот рецепт вели дека најуспешни се околу 20см затоа што тестото знае да пука. Ако тоа ви се случи (јас ја имав таа среќа да не пука), тогаш само залепете ги едно до друго.

4. Свитканите ваљаци, во круг како полжав, почнувајќи од средината на намастена тепсија, ги редите исто како за мазник или пита како ја нарекуваат некои.

5. Стопете го маргаринот со маслото и прелијте ја насекаде питата. Печете ја на 200С 30-40 мин. Потоа извадете ја од рерна и потурете ја со посолена топла вода насекаде. Бидејќи јас имав доволно сол во неа, во заливката ставив мноу малку. Вратете ја уште 4-5 минути во рерна.

6. Готовта Курељача послужете ја со јогурт, кисело млеко, павлака, а ако сакате можи и со некој од овие работи да ја прелиете одозгора иако тоа не е традиционалниот принцип.

Доколку би ја спремала следен пат, се мислев и сега, јас сепак би и ставила на врв на лажиче пециво.
Печената Курељача треба да е сочна, не се плашете од додавањето на путерот и водата на крајот.