Гратинирани фусили со спанаќ и сланина
Состојки
- 500гр фусили
- 1л јогурт
- 300мл млеко
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче бибер
- 3,4 јајца
- 100гр сирење
- Околу 400,500гр исчистен спанаќ
- 80-100мл масло
- Ленти чадена сланина
Подготовка
Брз и вкусен оброк е мојот предлог. До колку ви се брза многу, може да ги сварите фусилите ал денте, но за сметка на тоа, треба да ја намалите количината на млеко и јогурт.
Ова е брзо јадење, само соединуваме и печиме во рерна, покриено со фолија 30 минути, а потоа без фолија уште 10 минути. Јас правев половина количина од дадените состојки.
Подготовка:
1. Во сад ги соединуваме јајцата, солта, сирењето, биберот, маслото, јогуртот и млекото. Со жица убаво ја соединуваме цела смеса. Додаваме крупно сецкан спанаќ.
2. Во тава ги ставаме фусилите и врз нив го нанесуваме подготвениот прелив. Со вилушка промешуваме, убаво да се распоредат состојките. Редиме парчиња чадена сланина.
3. Печeме 30 минути, покриено со фолија, па уште 10 минути без фолија.
Сервираме топли.