Испечати

Бурек ролнички со мелено месо

Бурек ролнички со мелено месо

Состојки

  • 500 г кори за пита (потенки околу 20 парчиња, ако се подебели 14 парчиња)
  • 400 г мелено месо запржено со 1 главица кромид, 1 лажица зачин и 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 јајце
  • 150 мл газирана вода
  • 50 мл масло
  • на врв од лажичката прашок за пециво
  • малку сол

Подготовка

Нешто за набрзина, а превкусно. Полнењето може да биде по желба, дури може да биде и со тиква, јаболка, сирење. Можностите се различни. Во моето пакување имаше 14 кори и користев по 2 кори за секоја ролна, меѓутоа често корите се потенки и во тој случај се земаат по 3 кори.

Подготовка:

1. Запржете го кромидот на малку масло, додека не омекни. Додадете го меленото месо и запржете го, додека не ја промени бојата. На крај додадете 1 лажица зачин и црн бибер.
2. Во една шолjа, измешајте минерална вода и масло, додадете 1 јајце и прашок за пециво. Одделете 3 кори. Секоја кора попрскајте ја со мешавината од вода и масло. Наредете ги една врз друга, а врз третата кора ставете од месото. Краевите превиткајте ги и замотајте ги во ролат. Ако имате подебели кори, тогаш земајте по 2 кори. Повторете ја постапката со останатите кори и на крај премачкајте ги одозгора со мешавината од масло и вода.
3. Печете околу 30 минути на 180 степени.
На здравје.