Овошен колач со дуњи и јаболка
Состојки
- 3 јајца
- 2 јаболка
- 1 дуња
- 12 лажици шеќер
- 1 ванила
- 1 пециво
- 50 мл масло
- 70 мл густ овошен сок
- 2 лажици мармалад
- 150 гр брашно
- 3 лажици кисела вода
Подготовка
Подготовка
1. Овошјето се мие и се сече на танки кришки.
2. Во тавата во која ќе се пече, ставаме распореден на дното, 3 лажици шеќер, а потоа го редиме исеченото овошје. Овошјето треба да зафати 1/2 од тавчето 24, во висина.
3. Над овошјето ја распрскуваме ванилата.
4. Јајцата ги матиме со останатиот шеќер. ( Шеќерот може да го ставите во количини кои вам ви одговараат.)
5. Додаваме густ сок, масло, кисела вода и мармалад по желба.
6. Потоа додаваме брашно и пециво, и матиме додека да ја изедначиме смесата.
7. Готовата смеса ја истураме врз нареденото и зашеќерено овошје во тавчето. Го затресуваме малку, за да ни се распореди убаво колачот над овошјето.
8. Потоа печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 до 30 минути. Колачот треба да се одвои од тавата и да нарасне, да распука малку.
Откако ќе излади, може да се исече и да се послужи. Убаво оди со сладолед од ванила, со шлаг, со прелив од карамел. И без додатоци е превкусен.
И да напоменам дека колку подолго отстои на ладно, толку е посочен и повкусен.
Добар апетит.