Суви колачиња -Тиквиња
Состојки
- 300 гр пире од печена тиква
- 100 гр мелени ореви
- 300 гр мед
- 80 мл масло
- 2 јајца
- 1 пакетче прашок за печење
- 0,5 кг брашно
- цели каранфилчиња
- За украс
- шеќер во прав
- сок од лимон
- зелена прехрамбена боја
Подготовка
Подготовка
1. Испасирајте ја тиквата. Многу е битно да не е водеста. Мојата беше и за сметка на тоа мораше да додавам уште брашно, при што се изгуби на блажината на колачите.
2. Во неа додадете се освен брашното. Измешајте, па потоа додавајте го брашното. Прво мешајте со лажица и на крај измесете. Битно е тестото да е заситено, иако малку ќе е лепливо.
3. Со намастени раце формирајте бомбици колку орев и редете ги во плех. Секоја, со нож или чечкалица, зарежете ја на осминки, а во средината ставете по 1 каранфилче. Печете на 180-190С околу 20 минути.
4. Ставете околу 4 лажици шеќер во прав во еден сад, додадете зелена боја и постепено сок од лимон додека не се направи како паста. Ставете ја во ќесе и направете украси на тиквињата.