Испечати

Домашен мармалад од дуњи

Домашен мармалад од дуњи

Состојки

  • 1 кг зрели дуњи
  • 600 гр шеќер
  • 2 ванили
  • 300 мл вода
  • сок од 1 лимон

Подготовка

Еден од најубавите мармалади, слатка или џемови кои може да се пробаат. Според наш домашен рецепт. Верувам дека секоја домаќинка го знае и го прави овој мармалад, но еве и мое претставување на истиот тука помеѓу нас.

Подготовка

1. Дуњите се мијат, се чистат и се рендаат.
2. Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и да вријат 8 минути, да се згусне како сируп-шербет, смесата.
3. Се додаваат дуњите, и се варат околу 80 минути, на средна температура, додека да поруменат, да добијат фина, нежно портокалова боја. На крај се додава сокот од лимон и ванилите.
4. Уште еднаш се промешува, да доврие уште 5 минути на исклучена рингла, а потоа мармаладот се собира во теглички.
* Дозата може да се дуплира според потребите. А зимата е многу послатка со овој преубав домашен десерт.

Добар апетит.