Компот од дуњи
Состојки
- 2 дуњи
- 2 лажици шеќер
- 2 парчиња лимон
- 1 ванила
- вода по потреба
Подготовка
Нема поубаво нешто од ладно време, комбинирано со свеж, вкусен овошен компот. Јас го обожавам овој од дуњи и секогаш кога можам да ги најдам си го варам.
Постапката е повеќе од лесна
1. Дуњите убаво се мијат, се чистат и се сечат на помали парчиња.
2. Се ставаат во тенџере и се налеваат со вода, да ги покрие.
3. Се додава ванила и шеќер ако сакате послатко, но и не мора.
4. Така спремен, компотот се вари 1 час на тивка температура.
5. Пред сам крај, пред да го тргнете, додадете две парченца лимон.
Послужете го топол и уживајте во прекрасната арома на ова преубаво овошје.