Испечати

Зеленчукова лазања со бешамел од тиква

Зеленчукова лазања со бешамел од тиква

Состојки

  • 250гр. тенки листови свежа лазања
  • 1 помала тиквичка
  • 5 моркови
  • 270гр. свежи шампињони
  • 150гр. тиква
  • 1 чешне лук
  • 80гр. пармезан
  • Бешамел
  • 550мл. млеко
  • 40гр. путер
  • 40гр. брашно
  • 150гр. тиква
  • по потреба сол, црн бибер

Подготовка

Ми се јадеше лазања, ама без месо. Па така, произлезе ова супер вкусна, мека и сочна лазања.

Подготовка

1. Со лупалка за компири, исечете ги морковите и тиквичката на тенки резанки. Ставете ги во тава со малку маслиново масло. Додајте го лукчето и кратко пропржете.

2. Во друга тава, без додавање на масло, ставете ги шампињоните исечени на тенки листови. Пржете ги, додека испари водата што ќе ја пуштат. Тиквата исечете ја на коцки и згответе ја на пареа.

3. Бешамел - Во касерола растопете го путерот, па додајте го брашното. Пропржете, па додајте го млекото. Мешајте додека се згусти. Посолете и наросете црн бибер. Додајте ја тиквата и изблендирајте со рачен блендер.

4. Во сад измешајте ги тиквичките, морковите, шампињоните и тиквата. Посолете и наросете малку бибер.

5. Во огноотпорен или нелеплив сад, ставете малку од бешамелот. Наредете еден ред листови лазања. Нанесете од бешамелот, потоа од зеленчукот и наросете пармезан. Повторете ја постапката, додека се потрошат состојките. На последниот ред листови лазања ставете само бешамел и пармезан. Печете на 190 степени, 35 минути.