Испечати

Осумки од готови кори, полнети со моцарела и печеница

Осумки од готови кори, полнети со моцарела и печеница

Состојки

  • 9,10 танки кори
  • За премачкување
  • 2 јајца
  • 80мл масло
  • 180гр кисела павлака
  • 1лажиче ол
  • 1 рамно лажиче пециво
  • 10,15 парчиња печеница
  • 2 топки моцарела, 250гр
  • Малку сусам

Подготовка

Превкусни, пробајте ги.

Подготовка:

1. Во сад ги соединуваме јајцата, солта, маслото, киселата павлака, пецивото. Смесата ја изедначуваме со вилушка.
2. Земаме прва кора премачкуваме со 2 лажици од премазот. На почеток на кората ставаме парчиња печеница и парчиња моцарела. Виткаме како ролат. Ролатот го формираме во круг. Едниот дел на кругот го повлекуваме на кај себе, да го поклопи спојот на ролатот. Формираме осумки на тој начин.
3. Ги редиме во плех. Ги премачкуваме со останатиот премаз, 1,2 лажици. По желба одозгора пред печење може да се премачкаат со 40гр растопен путер. Се посипуваат со сусам и се печат на 180 с да заруменат.
Сервираме топли.