Пилешки нагетси поховани во чипс
Состојки
- 900 гр Пилешки стек
- 400 гр Чипси
- 5 Јајца
- 200 гр Брашно
Подготовка
Подготовка:
1. Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, посолете и ставете зачини по желба.
2. Чипсот изблендирајте го во блендер, не многу ситно, на средни ронки. Изматете јајца.
3. Парчињата месо извалкајте ги во брашно, па во јајце и на крај во чипс. Пржете во фритеза или во голема количина на зејтин. Сервирајте со сос по желба.
Добар апетит!