Испечати

Хумус од тиква со печеници на даска

Хумус од тиква со печеници на даска

Состојки

  • За хумусот
  • 3лажици масло од тиква
  • 250 гр тиква
  • 1 гранче рузмарин
  • 2 лажици индиски ореви
  • 100мл неутрална павлака
  • 1 мала главица кромид
  • За печениците
  • 1 мала тиква
  • 3-4 модри патлиџани

Подготовка

Подготовка:

1. Модрите патлиџани се мијат и се сецкаат на тркалца. Се редат на хартија за печење и се печат на тивко. Процедурата е иста и со тиквата. Печените делови ги редиме на даска и го спремаме сосот.

2. Кромидот се сечка на ситно, се пржи на маслиново масло, додека не стане проѕирен. Се додаваат коцките тиква и гранче рузмарин и се продолжува со кратко пржење. Покријте со малку вода и оставете да прокрчка, да се свари тиквата. Водата треба да испари, а вареното да се тргне од шпоретот.

3. Се префрла во блендер, па се додаваат две лажици индиски оревчиња и 100 мл неутрална павлака. Блендирајте да добиете еднолична смеса. Варирајте со павлаката, да не биде сосот мн течен. Не напоменав дека треба да се извади гранчето рузмарин при блендирањето. Тоа служи само да се добие една поинаква нота на сосот. Служев со печена тиква и печени модри патлиџани.
Нека ви е слатко.