Омлет со тортиља и пиперки
Состојки
- 2 тортиљи
- 2 пиперки
- 4 јајца
- 1лажица мешан зачин
- 4-5лажици урда
- 1лажица магдонос или сув власец
Подготовка
Подготовка:
1. Во тава, обложена со масло, ја запржуваме ситно сецканата пиперка. Кога веќе е пржена, врз неа истураме две разматени јајца. Оставаме на тивко да се запржи убаво. И од горна и од долна страна.
Попрскуваме сув власец или магдонос и зачинуваме.
2. Тортиљата ја премачкуваме со урда. Кога веќе е приближно готова, ја ставаме тортиљата врз кајганата. Ја вадиме на чинија и ја преклопуваме на половина, па на четвртина. Враќаме во тавата уште многу кратко да се запече. Ја вадиме и сервираме со свеж зеленчук.
Нека ви е слатко.