Чоколаден колач
Состојки
- Колач
- 3 јајца
- 120г шеќер
- 60мл масло
- 100мл млеко
- 1 лажица ванилин шеќер
- 1 лажичка пециво
- прстофат сол
- 30г какао
- 200г брашно
- Сируп
- 200мл млеко
- 1 лажица какао
- Фил
- 200мл слатка павлака
- 250г маскарпоне (собна температура)
- 5-6 лажици шеќер во прав
- Глазура
- 150мл слатка павлака
- 150г темно чоколадо
Подготовка
Подготовка
1. Во подлабок сад ги матиме јајцата со маталка. Го додаваме шеќерот, ванилата, солта и мешаме до соединување. Го додаваме млекото, потоа маслото и мешаме убаво. На крај ги додаваме какаото и брашното дел по дел и мешаме до целосно соединување на смесата. Истурете го тестото во намрсен калап (23х33цм) и печете го на загреана рерна, на 180 степени, 20-25 минути.
2. За подготовка на глазурата, ги додаваме млекото и какаото во тенџере на оган. Оставаме да зоврие и готвиме 5-6 минути. Го боцкаме испечениот колач со вилушка по целата површина и ја додаваме глазурата. Оставаме 30тина минути, да се впие глазурата.
3. За филот, слатката павлака ја матиме со шеќерот, па го додаваме маскарпонето. Кога е убаво изматено, го додаваме филот врз колачот и израмнуваме убаво.
4. За глазурата, загреваме слатката павлака до пред зовривање. Чоколадото, ситно сецкано, го додаваме во подлабок сад. Ја истураме загреаната слатка павлака врз чоколадото и мешаме до целосно растопување. Ја истураме глазурата врз филот и израмнуваме. Го оставаме колачот во фрижидер преку ноќ.
На здравје!
*колачот е средно благ, доколку сакате поблаг колач додадете повеќе шеќер. Може да се додаде шеќер и во сирупот.