Зелена спанаќ палачинка
Состојки
- 4 јајца
- 1 авокадо
- 4-5лажици овес
- 4лажици урда
- 2 раце спанаќ
- 1/4лажиче пециво
- За фил
- 2-3 црвен патлиџан
- 5,6лажици урда или крем сирење
Подготовка
Кој сака спанаќ, тој е на право место овде.
Подготовка:
1. Помешајте ги сите состојки во нутри булетот и блендирајте убаво да се спојат.
2. Јас правам на апарат за палачинки, па го подмачкав малку апаратот и ја истурив смесата поделена на два пати. Ако сакате помали палачинки, тогаш правете ги помали, нека бидат за повеќе луѓе.
3. Печете на потивко и кога се готови, извадете ги. Премачкајте ги со крем сирење или урда, а потоа наполнете ги по ваш вкус. Јас ставив кругови црвен патлиџан и маслинка.