Шумска панакота
Состојки
- За белиот дел
- 150мл млеко и 2 лажички шеќер во прав
- 300 гр грчки јогурт
- 9гр желатин
- 3 лажици вода
- За црвениот дел
- 300гр шумско овошје
- 2 лажици чиа семе
- 2 лажички шеќер во прав
- свежо или замрзнато овошје за декорација
Подготовка
Убав предлог за љубителите на панакота.
Подготовка:
1. Во сад ги помешуваме јогуртот, шеќерот и млекото. Мешаме да немаме грутчиња.
2. Во сад, на оган, со три лажици вода, го растопуваме желатинот и оставаме малку на страна да олади, па го помешуваме со смесата кај јогуртот. Така добро промешаната смеса, ја распоредуваме во чашките рамномерно, подеднакво. Чашките ги ставаме во фрижидер да се стегнат и да се изладат.
3. Го спремаме црвениот дел. Шумското замрзнато овошје го ставаме во кацерола на оган. Полека се растопува и остануваат парченцата од овошјето. Додаваме шеќер во прав и мешаме да се повари овошјето. Кога веќе е варено, тргаме од оган и додаваме чиа семе. Промешуваме и ги дополнуваме чашките кои ги ставивме во фрижидер. Оставаме повторно да се стегне. Пред да си каснете, декорирајте си со овошје кое вие го сакате. Нека ви е слатко.
На здравје.