Испечати

Сочен похован стек

Сочен похован стек

Состојки

  • 500 гр Стек
  • 3 Јајца
  • малку Сол
  • 100 мл Млеко
  • 2-3 г.л. Масло
  • 1-2 м.л. Сенф
  • по вкус вегета, сол
  • Плус - Брашно за поховање

Подготовка

Денешниот мој предлог за ручек не е нешто ново за сите вас, но верувам дека начинот на подготовка на многумина од вас им е непознат, па затоа сакав да го споделам и тука.

Подготовка

1. Пилешкото месо (кај мене беа 3 парчиња, после сечењето добив 6 шницли) го сечеме на тенки шницли, врз кои ставаме ќесенце и со помош на кујнски чекан за месо го чукаме, за да се истанчи. Шницлите убаво ги посолуваме.
2. Во длабок сад ги ставаме 3-те белки, додаваме прстофат сол и матиме до добивање на цврст снег, а потоа ги додаваме жолчките една по една. Ги додаваме и маслото, сенфот и млекото. По желба и вкус може да додадете зачини.
3. Во пластичен сад со капак ставаме малку од изматената смеса, ги редиме шницлите, и пак одозгора ставаме од смесата (убаво да бидат покриени парчињата месо). Садот го покриваме со капакот и го оставаме да стои во фрижидер (од вечер).
4. Наредниот ден секое парче во вадиме од садот, па го увалуваме во брашно (тука додаваме и малку сол), па пак го потопуваме во смесата во пластичниот сад.
5. Пржиме веднаш во тава со загреано масло на средна температура. Послужуваме со пржени компири како прилог и салата по избор.

На здравје!