Смути за имунитет
Состојки
- 1 Цвекло (помало)
- 1 Морков
- 1 Јаболко
- 1 Лимон (цеден)
- 1-2 м.л. Мед
- 1 м.л. Ленено семе
- 0,5-1 цм Ѓумбир
- по потреба и вкус Вода
Подготовка
Во периодите на вируси, грипови и настинки, најдобриот начин да се заштитиме е преку секојдневно одржување на нашиот имун систем со внесување на балансирана исхрана, која ќе ни ги обезбеди сите потребни витамини и минерали. Најлесен и најпрактичен начин за мене е преку смути, во комбинација на намирници која најмногу ни одговара на нашите потреби. Затоа одберете комбинација од вашите омилени плодови и засладете го со мед, урми, додадете разни семки, куркума, ѓумбир…
Подготовка
1. Цвеклото, морковот и јаболкото ги миеме, лупиме и сецкаме на помали парчиња. Ги ставаме во чашката на нутрибулетот. Го додаваме и излупениот ѓумбир.
2. Лимонот го цедиме и добиениот сок го додаваме во чашката. Ги додаваме и медот и лененото семе, а количината на вода е според потребата и вкусот, јас ставив 150 мл.
3. Блендираме до хомогенизирање.
Веднаш го конзумираме ова смути, со прекрасна црвена боја и богато со витамини.
На здравје!