Испечати

Меки сочни колачиња (со тиква)

Меки сочни колачиња (со тиква)

Состојки

  • 2 Јајца (на собна температура)
  • 80 гр Мед
  • 100 гр Шеќер
  • 100 мл Масло
  • 230 гр Тиква (варена на пареа, па пасирана)
  • 350 гр Брашно (просеано)
  • 1 м.л. Цимет
  • 1 Ванила
  • 1 м.л. Сода
  • 1 м.л. Пециво

Подготовка

Кралицата на есента - тиквата, овојпат ја додадов во овие ароматични меки колачиња, кои се прават многу брзо. Затоа посебно ги препорачувам за љубителите на тиква (а и за оние кои баш не ја обожаваат), и верувам дека ќе се изненадат од сочноста и вкусот на овие колачиња и ќе им станат едни од омилените.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, медот и шеќерот. Миксираме 2-3 минути, до побелување на јајцата.
2. Потоа го додаваме маслото, миксираме кратко, само да се соедини со јајцата. Го додаваме и пирето од тиква, миксираме кратко до хомогенизирање.
3. На крај ги додаваме сувите состојки (брашно - просеано, цимет, ванила, сода и пециво) кои ги соединуваме претходно во длабок сад. Овие суви состојки ги додаваме на 3-4 пати кон течната смеса, со мешање со дрвена лажица.
4. Добиената смеса не е цврста како за формирање на колачиња со рака, туку по конзистенција е погуста од класична смеса за пандишпан (видете додатна слика).
5. Во плех за печење, ставаме мрсна хартија и ставаме од смесата за колачињата со лажица или со шприц (јас користев шприц), со големина од околу 4цм на мало растојание, потоа површински ги рамниме со лажиче.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени (10-12 минути). Откако ќе се испечат, ги оставаме да изладат, па ги вадиме од хартијата.

Забелешка - Јас користев варена тиква на пареа.

На здравје!