Млечен цимет десерт (со тиква)
Состојки
- 500 мл Млеко
- 60 гр Пченичен гриз
- 100 гр Шеќер
- 200 гр Тиква (пасирана)
- 1 Ванила
- прстофат Сол
- 1/2 м.л. Цимет
- Плус уште малку цимет за декорација.
Подготовка
Есента е време кога тиквата е често застапена на нашата трпеза. Во овој рецепт сакам да ви предложам еден десерт, кој е превкусен и многу брзо се прави.
Подготовка
1. Тиквата ја вариме (јас ја варев на пареа во садот Делимано Мултикукер 18 во 1). Ставаме во садот вода (500 мл), ја ставаме тиквата исецкана на мали коцкички врз решетката за пареа и уклучуваме на програмата за готвење на пареа (steam) на 30 минути.
2. Од варената тиква мериме 200 гр и ја пасираме со вилушка.
3. Сега млекото го ставаме во тенџерче, го загреваме и го додаваме гризот. На слаб оган мешаме до сварување на гризот (неколку минутки). Потоа додаваме прстофат сол, шеќер, цимет и пирето од тиква. Готвиме уште 1-2 минути.
4. Готовиот десерт го ставаме во чаши или чиничиња, покриваме со стреч фолија, за да не фати кора.
5. Оставаме да се излади десертот, одозгора наросуваме цимет и потоа може да уживаме во неговиот вкус.
*Забелешка - Според блажината на тиквата, корегирајте ја, по потреба, количината на шеќер.
На здравје!