Торта со јагоди (готови кори)
Состојки
- 1 пакување готови кори за торта
- 150мл млеко (топло)
- 200г мармалад од јагоди
- 120г путер (собна температура)
- 400г крем сирење (собна температура)
- 3-4 лажици сушени јагоди во прав
- 400г шеќер во прав
- прстофат сол
- чоколадо, свежо овошје (за декорација)
Подготовка
Подготовка
1. Во подлабок сад ги матиме путерот и крем сирењето. Ги додаваме солта, јагодите и шеќерот во прав дел по дел. Матиме до целосно соединување. Три-четири лажици од филот ги тргаме во посебен сад, покриваме со најлонска фолија и го оставаме во фрижидер.
2. Ја прилагодуваме големината на корите, јас ги исеков да одговараат на калап за торта (24цм). Првата кора ја посипуваме со 1/3 од топлото млеко. Премачкуваме со половина од мармаладот. Доколку има потреба,, загрејте го мармаладот кратко, да може да се мачка. Врз мармаладот со помош на слаткарски шприц нанесуваме една половина од филот со јагоди. Потоа ја ставаме следната кора, со лажица нанесуваме од млекото врз неа. Премачкуваме со другата половина од мармаладот, ја додаваме втората половина од филот и покриваме со третата кора. Ја навлажнуваме и третата кора со останатото млеко и ја оставаме тортата во фрижидер преку ноќ.
3. За декорација, растопив околу 200г руби чоколадо и го прелеав врз тортата. Откако се стегна, декорирав со филот од јагоди што го зачував претходно, поросив малку сушени јагоди во прав и ставив свежи малинки.
На здравје!